RED Hydrogen One, е телефон од познатата компанија за видео камери кои се користат за снимање за некои од најскапите филмови. Во време кога сите компании се борат за по некоја дополнителна новина, додека компаниите се натпреваруваат која ќе биде првата со смартфон чиј екран се превиткува, RED оди во друг правец.

Главната карактеристика на Hydrogen One е неговиот екран, којшто не ја прикажува сликата стандардно, туку ја прикажува на начин што таа изгледа како холограм, односно како работите да излегуваат од екранот.

За жал, дали овој телефон успева навистина да ја прикаже сликата со холограмски ефект и дали сето тоа изгледа навистина како што треба, се’ уште не можеме да знаеме затоа што овој телефон неколку пати е одложуван, па нема многу луѓе кои може да потврдат и да направат тест.

Сепак, тие кои имале шанса да ги проверат некои од прототип моделите, кажуваат кратко и јасно, треба да го видите со свои очи за да можете да верувате колку е добар екранот.

Основачот на компанијата оваа недела реши да пушти официјални слики од овој телефон, слики кои досега беа компјутерски „рендери“, па да добиеме нешто подобра претстава за тоа како овој уред ќе изгледа пред неговото претставување.

Сликите сепак се сликани на начин што тешко е да се познае дека не се работи за рендери, па ќе мора да му веруваме на основачот на компанијата дека тие се вистински.

Сликите се во продолжение…

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаKalashnikov претстави електричен автомобил со ретро дизајн кој треба да му конкурира на Tesla
Следна статијаСакајќи да си ја олесни работата, Маск влезе во поголема неволја
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.