lg-v20

Минатата година, многумина рецензенти се сложија дека најдобриот смартфон во гамата на LG не е G4, па ниту новиот G5, туку дека тоа е V10. Моделот има дополнителен дисплеј во горниот дел за нотификации, високо квалитетна изработка и моќен аудио излез кој може да ги наполни и големите аудиофилски слушалки. Новиот V20 повторно ќе ги има истите адути, но сите тие сега ќе бидат подобрени.

На пример, ова ќе биде првиот телефон во светот кој ќе има вграден 32 – битен Quad DAC засилувач, кој ќе овозможи неспоредливо подобар звук од останатите смартфони. Со ваков засилувач во телефонот, барем вака на хартија, во него ќе може да ставите и слушалки кои се исклучиво наменети за вклучување во големите домашни засилувачи и пак да го добиете целото аудио искуство. Покрај тоа, овој засилувач ќе има и специјален систем кој ќе ја намали амбиенталната бучава, без потреба да имате специјални слушалки со таа можност.

lg-v20-

Останатите спецификации исто така ќе бидат најдобри можни во моментов – процесорот ќе биде Snapdragon 820 помогнат од 4 GB рам меморија, дисплејот ќе има големина од 5,7 инчи и Quad HD резолуција, со дополнителен помал дисплеј во горниот дел за нотификации . Задната камера пак ќе има 21 мегапиксел и дополнителен сензор за широк агол, додека и предната камера веројатно ќе биде двојна – една леќа со потесен и една со поширок агол.

Изработката на телефонот повторно ќе биде комбинација од челик, но овој пат веројатно искомбиниран со алуминиум, кои ќе овозможат исклучително цврста конструкција која ќе биде отпорна на виткање и паѓање. Сепак, целото куќиште сега ќе биде потенко (7,7 mm на најтенкото место) и помало, благодарение на малата рамка околу дисплејот. Иако не е спомнато во протечените информации, очекувајте и овој телефон да ги поддржува додатоците од G5 во долниот дел.

LG V20 треба да биде претставен на 6-ти септември и покрај новите Nexus уреди веројатно ќе биде првиот Android 7.0 Nougat телефон, што е уште еден адут во борбата против силната конкуренција од Samsung, HTC и Huawei.

Извор: TechnoBuffalo, CNET, Softpedia

Претходна статијаiPhone 7 ќе биде претставен на 7-ми септември?
Следна статијаMercedes Future Bus за автоматизиран јавен транспорт