Galaxy-Note-5-9-1280x678

Новиот Galaxy Note 5 ќе донесе многу новитети и ќе биде вистински предводник во класата на таблет-телефони. Нормално, дизајнот ќе го наследи од одличниот Galaxy S6, но нема да има Edge верзија, како што има за актуелниот модел, додека екранот ќе порасне на 6 инчи во дијагонала.

Најголем новитет ќе биде USB Type-C приклучокот, кој ќе го замени micro USB кој го имаат скоро сите модели на телефони денес. Овој приклучок ќе донесе многу побрз трансфер на податоци и побрзо полнење на батеријата. Исто така, преку него може да се пушти и Ultra HD видео на поголем монитор, како и да се приклучат многу други надворешни уреди.

Екранот кај Note 5 ќе порасне на 5,98 инчи, со резолуција од 2560х1440 пиксели и нормално, Super AMOLED технологија. Во внатрешноста ќе се вградува најновиот процесор на Samsung, Exynos 7422, кој според првите информации, повторно ќе биде најбрз во светот на паметните телефони. Истиот ќе биде помогнат од 4 GB рам меморија и неколку различни опции за простор за складирање податоци, од 16 GB до 128 GB.

Како и кај Galaxy S6 и тука нема да има можност за проширување со micro SD картичка, ниту батеријата ќе може да се отстрани, како што беше случајот досега. Сепак, капацитетот на батеријата ќе биде огромни 4100 mAh, што е веројатно доволно и за два дена користење, па ова не би требало да биде некој поголем проблем.

Нормално, Note 5 ќе доаѓа и со подобрен S Pen Stylus, а ќе има и можност за безжично полнење. Edge варијантата пак ќе биде заменета со Galaxy S6 Edge Plus моделот, кој е всушност Galaxy S6 Edge со 5,5 инчен екран.

Официјалното претставување на новиот Samsung Galaxy Note 5 треба да биде на почетокот на оваа есен.

Извор: Techno Buffalo

Претходна статијаБил Гејтс препорачува што да прочитате ова лето
Следна статијаMicrosoft Office Word, Excel и PowerPoint апликациите достапни за Android телефоните