Evan Blass

Samsung „конечно“ ќе го претстави Galaxy Note 9 утре на својот познат Unpacked настан којшто ќе го одржи во Њујорк со почеток од 17 часот по македонско време. Настанот ќе биде пренесуван во живо, а сите потребни информации ќе можете да ги добиете, се разбира на Смартпортал.

Иако веќе скоро се знаеме за Note 9, еве уште една тура на неофицијални информации која овој пат ни покажува неколку функции и карактеристики на уредот. Информациите доаѓаат од Reddit корисникот Wan997, а тој тврди дека досегашните неофицијални информации кои „кружеа“ по интернет се во главно точни, а тој ги дава и овие дополнителни:

  • Note 9 ќе може да се нарача со избор на безжични AKG слушалки со функција за поништување на бучава кои вредат 299 долари во продажба или Fortnite гејминг пакет, а може да се нарача и со двете
  • S Pen ќе се продава и посебно за корисниците да можат да изберат од повеќе бои
  • Со оглед на најавите дека S Pen ќе дојде со Bluetooth, ќе треба да се полни и 40 секунди на полнење овозможува 30 минутно користење
  • Иако Note 9 ќе дојде со нешто поголем екран, неговите димензии треба да останат исти
  • Камерата ќе биде помогната со вештачка интелигенција
  • Известување доколку на сликата која е сликана со камерата има заматеност, затворени очи на лицата, тресење на раката и слично

Ова е последната информација која е во категоријата на неофицијална, па ние со нетрпение го чекаме утрешниот настан и конечно да видиме што ќе претстави Samsung и каков ќе биде овој уред во споредба со големата конкуренција.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаFacebook Dating е во фаза на тестирање помеѓу вработените
Следна статијаЕлон Маск најавува „приватизирање“ на Tesla
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.