Има уште доста време додека Google ја претстави третата генерација од Pixel уредите, меѓутоа како и секогаш, ќе добиваме по некоја неофицијална информација за тоа што може да го очекуваме.

Оваа информација доаѓа од слики од фолија за екраните на двата Pixel 3 уреди, од кои може да се донесат одредени заклучоци. Нема потврда за тоа дали тоа што се гледа од сликите навистина ќе биде дел од телефоните, меѓутоа не е толку чудно да се претпостави.

Она што привлекува најмногу внимание на сликите е од поголемиот, односно Pixel 3 XL модел. На него ако се точни сликите, ќе има исечок на горниот дел од екранот, нешто што е веќе стандардно кај доста ново претставени телефони.

Додатно што покажува дека Google може да претстави ваков уред е и поддршката за исечоци вградена во најновата верзија од Android која ќе биде официјално преставена и достапна со претставувањето на новите Pixel уреди, како и секоја година.

Она што исто така се гледа на сликите е можноста да Pixel уредите имаат двојна камера и на предната страна, меѓутоа оставените дупки на сликите може да се однесуваат на некои од сензорите, а не само на камерите.

Сликите од фолиите беа објавени на кинескиот Weibo, но подоцна се тргнати. Дали тоа може да се земе како некаков знак за веродостојноста на сликите и информациите кои ги даваат, оставам вие да донесете заклучок.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.