Palm е име кое иако до некаде подзаборавено, нема некој којшто не го познава. Оваа компанија ги имаше на пазарот првите паметни телефони кои повеќе наликуваат на денешните од било кој конкурент во тоа време.

Компанијата која беше во сопственост на HP беше затворена, а правата за брендот продадени на кинескиот TCL. Сега старт-ап од Сан Франциско составен од поранешни вработени во Samsung, Денис Милошески и Хауард Нук, го враќа овој стар и познат бренд назад на пазарот на смартфони.

Она што е интересно е што новиот Palm уред не е наменет да им конкурира на останатите смартфони на пазарот. Palm сега е мал уред со големина на екранот од само 3,3 инчи и густина на пиксели од 445 ppi, што го прави екранот одличен за користење.

Овој мал Palm е замислен да функционира како додаток на постојните смартфони, односно тој нема ни свој телефонски број. Овој уред се синхронизира преку мрежата со постојниот телефон и на тој начин се добиваат потребните известувања и информации.

Наменет е да се користи во ситуации кога главниот телефон, кој најверојатно е со голем екран, не е баш удобно да се користи, па Palm доаѓа одлично како замена. Такви ситуации се при вежбање, излегување навечер во клубови или едноставно во ситуации кога не би сакале да сме константно на нашиот телефон, но сепак да останеме во контакт.

Palm работи на најновата верзија од Android, односно 8.1, а има и сопствен посебно прилагоден кориснички интерфејс, кој според некои потсетува на тој од Apple Watch. Работи на Qualcomm 435 осум јадрен процесор и има 3GB RAM и 32 GB простор за податоци. На задната страна Palm има една 12 мегапикселна камера, додека на предната тука е селфи камерата со 8 мегапиксели.

Овој уред се нуди ексклузивно во САД преку Verizon операторот, којшто и овозможува споделување на телефонскиот број со друг уред.

ИЗВОРPalm
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаAdobe Photoshop CC доаѓа на iPad во 2019
Следна статијаPorsche Design и Huawei го претставија новиот PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate 20 RS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.