Concept Creator

Galaxy S10 е наредниот телефон од S серијата кој Samsung ќе го претстави на почетокот од идната година. Овој модел е важен поради тоа што е десетти од оваа серија, но и моделот кој ќе добие поразличен дизајн од претходните неколку модели.

Она што до сега можевме да прочитаме за S10 е дека ќе дојде во три варијанти, односно покрај стандардните два модели кои обично се дел од серијата, Samsung повторно ќе воведе и mini варијанта.

Како што би се очекувало, mini варијантата ќе ги нема некои од „премиум“ карактеристиките од двата посилни модели, па така овој модел нема да го има сензорот за отпечатоци направен со ултразвучна технологија и ќе ја користи нешто послабата оптичка технологија.

Според дополнителни неофицијални информации, основниот, односно mini модел, нема да го има препознатливиот заоблен edge екран којшто Samsung го користи кај своите најдобри модели. Дали тоа навистина ќе биде така и зошто Samsung до толку би го издвоил овој модел, мене не ми е до крај јасно и баш логично, но сепак гледаме што прави конкуренцијата, па може да се заклучи дека тоа е пазарот.

Информацијата доаѓа од Ice Universe кој досега добро се има покажано, па може да очекуваме дека информациите се прилично точни.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаКаратистите на Макпетрол подготвени за есенскиот дел од сезоната
Следна статијаЗаконот за приватност на ЕУ не важи само за големите компании, важи и за тебе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.