Додека технологија за екраните напредне уште малку, па камерата и сензорите да можат да се „скријат“ зад екранот, ќе продолжиме да гледаме креативни решенија.

Првото и најпопуларно решение, „благодарение“ на Apple, беше исечокот на горната страна од екранот, а можевме да ги видиме и дупката за камера, движечки механизам за камерата, „лизгачки“ уред за да се прикаже камерата и слично.

Oppo веќе има уред со лизгачки механизам за прикажување на камерата, а вчера можевме да го видиме и Samsung Galaxy A80 со одлично решение кое преку лизгачки систем ја прикажува задната камера, која се врти за да се слика селфи фотографија.

Oppo Reno, повторно е интересно и нестандардно решение за времето кога се претставува. Камерата и сензорите се поставени во самиот уред, меѓутоа делот којшто излегува надвор овојпат е во форма на клин.

Тоа значи дека камерата излегува од дел кој изгледа дека се подига само од едната страна, додека другата останува внатре.

Оваа камера има сензор со 16 мегапиксели, а од Oppo истакнуваат дека механизмот за прикажување на камерата се отвора за 0,8 секунди, а е тестиран и има издржано 200.000 отворања и затворања. Системот има и сензор којшто автоматски ја затвора камерата доколку уредот падне.

Инаку, Oppo Reno доаѓа во две варијанти. Едната е од високата класа и работи на Snapdragon 855, 6,6 инчен AMOLED екран со резолуција од 2340×1080 пиксели, 4.065 mAh батерија и три камери на задната страна со 8, 13 и 48 мегапиксели.

Втората варијанта е од средно високата класа и работи на Snapdragon 710, има 6,4 инчен AMOLED екран со иста резолуција, помала батерија и две камери на задната страна со 48 и 5 мегапиксели.

Двата модели ќе може да се изберат со 6 и 8 GB RAM, како и 128 и 256 GB простор за податоци.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаУапсен Џулиан Асанж по 7 години „криење“ во Амбасадата на Еквадор во Лондон
Следна статијаGoogle овозможи користење на Android телефоните како физички безбедносен токен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.