oppor7pluslarge

Кинескиот производител Oppo претстави два нови уреди од средно – високата класа, кои имаат целосно метално тело, тенки куќишта и забележителен дизајн со многу мала рамка околу дисплејот. Доаѓаат во две големини на дисплејот и со имиња кои неодоливо потсетуваат на двата најнови iPhone-и на Apple.

За разлика од Apple, тука двата телефони имаат големина од 5 односно 6 инчи на екраните и двата се со Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели, која заостанува зад најдобрите, но е перфектно добра за ценовниот ранг во кој се наоѓаат новите телефони на Oppo. Двата уреди доаѓаат со Qualcomm Snapdragon 615 чип со осум јадра, кој треба да работи перфектно со сите апликации, освен со најтешките 3D игри.

Чипот е помогнат од 3 GB рам меморија, како и 16 GB (R7), односно 32 GB (R7 Plus) простор за складирање податоци, со можност за проширување со micro SD картичка. Помалиот телефон има батерија со капацитет од 2320 mAh, додека поголемиот има огромна батерија од 4100 mAh. Ова е веројатно и причината што поголемиот телефон не е толку тенок (7,75 mm) како помалиот (6,3 mm). Батериите имаат и можност за брзо полнење – со пет минутно полнење, се добиваат два часа разговор.

oppor7large

И двата модели се опремени со задна камера со 13 мегапиксели и леќа со f2.2 бленда, која треба да овозможи подобри слики навечер. Камерата има и можност за снимање Ultra HD видео, а има и HDR мод, како и можност за автоматско правење .gif датотеки. Предната камера има сензор со 8 мегапиксели, со софтверско подобрување наречено Beautify 2.0 за правење поубави селфија.

R7 и R7 Plus ќе се разликуваат и по верзиите на Android со кои ќе бидат опремени – поголемиот модел ќе има Lollipop 5.1, додека помалиот има KitKat 4.4. Oppo вградува свој скин врз Android, наречен ColorOS 2.1, кој донесува неколку подобрувања, особено во поглед на поголемо користење на “Gesture” движења со прстите.

Цената и на двата модели, според перформансите и квалитетот што го нудат е поволна и во Кина изнесува 400 долари за помалиот, односно 480 долари за поголемиот телефон.

Извор: PhoneDog, Android Central

Претходна статијаYouTube со поддршка за 60fps стриминг во живо на HTML5 плеерот
Следна статијаFacebook Messenger ќе прикажува основни информации за непознатите контакти