GSMArena

Oppo е еден од најпознатите кинески производители на смартфони, а тоа посебно стана случајот после нивниот одличен Find X кој е меѓу првите телефони кои немаат воопшто рамка околу екранот, а сето тоа е изведено во еден од најубавите уреди на пазарот.

Нивниот најнов уред е F9 и не сме сигурни дали ќе биде достапен на европскиот пазар, а сега за сега тој ќе се продава во Азија и тоа во ограничен број на земји.

Овој уред е од средно-високата класа и соодветно на тоа се неговите карактеристики. Тој доаѓа со 6,3 инчен LCD екран со резолуција од 2.340 x 1.080 пиксели и сооднос на екранот од 19,5:9 што е очекувано со оглед на малите рамки околу екранот.

Oppo F9 е еден од првите смартфони кој доаѓа со најновата генерација на Gorilla Glass, односно Gorilla Glass 6.

Работи на Mediatek MT6771 Helio P60 чипсетот кој доаѓа со 8 јадрен процесор, како и 6 GB RAM меморија со 64 GB простор за податоци. Уредот поддржува картички до 256 GB.

Батеријата на F9 е со капацитет од 3.500 mAh и има поддршка за технологијата за брзо полнење од компанијата.

На задната страна се наоѓа сензорот за отпечатоци и двојна камера со 16 и 2 мегапиксели, додека предната селфи камера е со огромни 25 мегапиксели.

Она што го прави интересен овој телефон е тоа што доаѓа со многу мали рамки околу екранот, а за тоа се погрижува и еден од најмалите исечоци на горниот дел. Овој исечок е доволно голем за да биде поставена предната камера и ништо повеќе, а и неговиот дизајн е одлично смислен.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНовите iPhone-и ќе имаат поддршка за Apple Pencil, повеќе простор за податоци и прилагодени цени
Следна статијаHuawei P20 Pro прогласен од EISA за „Најдобар паметен телефон на годината”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.