oppo-a57-1

Кинеската компанија Oppo oснована во 2004 година е позната по константното претставување на нови смартфон-телефони од средната класа. Она што ќе ги израдува селфи зависниците е воедно и најголемиот адут на новиот Оppo A57, а тоа е 16 мегапикселската предна, селфи камера со f/2.0 апаратура и 1.2nm големина на пексилите за слики со голем квалитет. Телефонот може да се пофали и со примарна, задна камера со 13 мегапикселски сензор, f/2.2 апаратура и phase detection ласерски фокус.

Останатите спецификации со кои располага Оppo A57 и не се до толку импресивни. Телефонот има луксузна метална изработка и доаѓа во две бои Gold и Rose gold, 2.5D заоблено стакло со 5.2 инчи LCD дисплеј со резолуција од 720 x 1080. Во внатрешноста може да се види Qualcomm Snapdragon 435 чипсет кој нема да ги воодушеви корисниците кои своето внимание го обрнуваат на перформансите. Составен е од 1.4GHz осум-јадрен Cortex-A53 процесор и Аdreno 505 графичка, 3 GB рам меморија и 32 GB простор со можност за проширување со microSD дo 128 GB.

Телефонот исто така доаѓа и со Андроид 6.0 Маrshmallow,  fingerprint скенер сместен во предниот, долен дел на телефонот, поддршка за 4G LTE конекција и батерија од 2900 mAh која овозможува време на зборување до 23 часа и 40 минути и време на дневна употреба до 13 часа и 30 минути.

Оppo A57 официјално ке биде пуштен во продажба на 12 Декември во неговата родна земја Кина за цена од 1,599 кинески хуани, односно 231 долар или 218 евра. Не е официјално потврдено дали овај телефон ке биде достапен за продажба било каде надвор од Кина.

Извори: Oppo, Android Authority, GSMArena

Претходна статијаLG G6 со нова технологија на мобилно плаќање и скенер за зеницата на окото
Следна статијаGoogle GOODFest е „Live Stream“ хуманитарен музички фестивал