По неколкуте „тизери“ и најави, како и неофицијални информации, OnePlus ја објави официјалната дата кога ќе ја претстават новата генерација од нивниот смартфон.

Овој пат, ќе бидат претставени три различни модели, односно OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro, како и дополнителен 5G модел. Ова веќе е стандард на пазарот, па не е чудно што и оваа компанија се приклучува на трендот.

Настанот на кој ќе биде претставена новата OnePlus 7 серија на уреди се најавува како најголем до сега. Тој ќе се одржува во три градови во исто време, а наредниот ден ќе има и посебен настан во Кина.

Њујорк, Лондон и Бангалор се градовите во кои ќе се одржуваат паралелни настани, а од компанијата како и секогаш ќе продава карти за ниска цена за своите фанови кои сакаат да присуствуваат.

Како и секогаш, настанот ќе биде пренесуван во живо за тие од дома, а ќе може да се гледа преку страната на OnePlus, односно нивниот YouTube канал, како и друштвените мрежи.  

ИЗВОРOnePlus
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНеофицијални слики ни го покажуваат можниот изглед на Google Pixel 3a телефоните
Следна статијаНаскоро почнува најголемата регионална е – спорт лига
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.