OnePlus

После „тизерот“ на Twitter којшто во главно не ни откри ништо посебно, денес директорот на OnePlus излезе со информации за процесорот и рам меморијата на OnePlus 6 и со тоа ги потврди неофицијалните информации.

Истакнувајќи дека корисниците треба да имаат „неоптоварувачко“ искуство (burdenless), кое подразбира уредот да работи така како што се очекува, без заостанување или нарушување на работата. Корисниците треба да имаат чувство на брзина и мазна работа преку целиот ден, без разлика што прават на уредот.

Тоа на OnePlus 6 ќе го овозможи моментално најдобриот чип од Qualcomm, Snapdragon 845, како и рам меморијата која ќе биде достапна и до 8 GB, во комбинација со 256GB простор за складирање на податоците.

Се очекува да има и поевтин модел којшто ќе дојде со „само“ 6GB RAM и 64 или 128GB простор за складирање на податоците.

Лау ја истакнува и важноста која во компанијата и ја даваат на работата на нивните уреди, па имаат посебен тим за Истражување и Развој кој го имаат наречено „Team FSE (Fast, Stable, Efficient)“, односно Тим БСЕ (Брз, Стабилен и Ефикасен).

Точната дата на претставувањето на OnePlus 6 не е уште најавена, меѓутоа според активноста на компанијата која може да ја видиме периодот, изгледа истата се ближи.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2OnePlus
Претходна статијаApple работи на iPhone со закривен екран и гестикулации за контрола на уредот?
Следна статијаGoogle ги блокира своите апликации и сервиси на несертифицирани Android уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.