Дека претставувањето на OnePlus 6 се ближи може да видиме од малите „тизери“ кои почна да ги пушта компанијата на друштвените мрежи. Првиот можевме да го видиме минатата недела, а се што ни покажа објавата е името на уредот и дека може да очекуваме наскоро негово претставување.

Повеќе информации добивме неколку дена подоцна преку блог објавата на директорот на компанијата, преку која потврди дека 6-ката ќе дојде со до 8 GB RAM меморија и 256 GB простор за складирање на податоци, како и најновиот од Qualcomm, Snapdragon 845 чипсет.

Најновиот „тизер“ исто така не ни открива ништо повеќе за уредот, освен можеби до некаде неговиот изглед. На сликата која е прилично затемнета, односно во сенка, се гледа постариот OnePlus модел, поставен врз 6-ката. Од тоа може да се претпостави дека задната страна на уредот нема да биде нешто посебно различна, а повеќето новини можеме да ги очекуваме на предната страна.

Токму тоа и го говорат неофицијалните информации. Предната страна ќе биде направена во сега веќе стандардниот стил на минимални рамки околу екранот, а во случајот на OnePlus 6, ќе биде присутен и исечокот на горниот дел од екранот.

Официјалната дата кога треба да биде претставен OnePlus 6 се’ уште не е објавена, а се верува дека тоа ќе биде некаде на почетокот од идниот месец. Со оглед на малите информации што ги објавуваат од компанијата, дефинитивно може да заклучиме дека датата е блиску.

ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаШто ако се забрани собирањето на нашите податоци?
Следна статијаGoogle работи на нов дизајн на веб верзијата на Gmail
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.