design-babyskin-front

Од OnePlus веќе најавија дека на 15-ти ноември ќе претстават нов телефон, па остана само да видиме што е тоа што вреди да биде претставено на помалку од 6 месеци од претходниот модел.

OnePlus 3T е името на новиот телефон и е наследник на одличниот OnePlus 3 кој беше претставен во јуни оваа година.

Во споредба со претходникот, OnePlus 3T доаѓа со поголема батерија која сега може уште побрзо да се наполни со новата Dash Charge технологија за брзо полнење, побрз процесор, поголема предна камера, верзија со 128GB простор за складирање, како и дополнителна боја.

OnePlus 3T е изработен целосно од метал, а од компанијата го промовираат со слоганот „Никогаш не се помирувај“. Телото е со димензии од 152.7 x 74.7 x 7.35 mm, а тежи 158 g.

design-appearance-side

Како што беше најавено, телефонот доаѓа со најновата верзија од чипсетот на Qualcomm, односно Snapdragon 821 кој работи на фреквенција од 2.35 GHz, односно 1.6 GHz за двете штедливи јадра. Рам меморијата е 6GB LPDDR4, а просторот за складирање може да се избере помеѓу 64 и 128GB.

Од OnePlus исто така истакнуваат дека со новата Dash Charge технологија, за само 30 минути телефонот може да биде наполнет до 80% од батеријата која има капацитет од 3.400 mAh.

Екранот е со големина од 5,5 инчи со 1080p Full HD резолуција, односно 1920 x 1080 пиксели што овозможува 401 ppi.

Задната камера вклучува Sony IMX 298 сензор со 16 мегапиксели, f/2.0, оптичка стабилизација на сликата, 4К видеа со 30 fps и повеќе. Предната камера пак има Samsung 3P8SP сензор со исто така 16 мегапиксели, f/2.0 и можност за снимање на 1080p видеа со 30fps.

OnePlus 3T работи на најновата верзија од OxygenOS, која што е минимално променета од основата Android верзија, што за голем дел од корисниците е многу важно. Новата верзија се’ уште е направена на база на Android 6.0, но треба да биде пуштена надградба на 7.0 до крајот на годината.

Извор: OnePlus, Android Central, Engadget

Претходна статијаPhotoScan од Google е нова апликација која ќе ги скенира вашите стари слики
Следна статијаHuawei одбил да ги изработува Pixel смартфоните на Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.