oneplus-2-mini-front

Втората генерација од популарните OnePlus паметни телефони веќе е составена од два модели. Тоа се 5,5 инчниот OnePlus 2 и 5 инчниот неодамна претставен OnePlus X.

Како што едно време стана популарно производителите да претставуваат по 2 варијанти од своите телефони, полека тој тренд изгледа оди кон повеќе варијанти. Денеска исто така можевме да прочитаме дека Samsung е можно да планира дури 4 варијанти од наредната генерација од Galaxy серијата, Galaxy S7.

Според неофицијални информации, OnePlus планира претставување на уште еден модел, односно варијанта од OnePlus 2 моделот. Тој би требало да го носи името OnePlus 2 mini и соодветно да доаѓа со помал екран, па и од OnePlus X моделот.

OnePlus 2 mini, доколку се покаже дека навистина ќе биде претставен, ќе доаѓа со 4,6 инчен екран со Full HD резолуција. Треба да ги вклучува истите компоненти од поголемиот модел, па соодветно би доаѓа со Snapdragon 810 чипсет, 4 GB RAM меморија, како и 64 GB простор за складирање на податоци.

oneplus-2-mini-back

Овој модел исто така треба да вклучува две камери со 12 и 5 мегапиксели, на задната, односно предната страна.

Информациите за овој телефон доаѓаат од холандскиот портал TechTastic кои што го имаат забележано во резултатите од бенчмарк апликацијата GFXBench.

Без разлика дали тоа ќе биде случајот со OnePlus, трендот кај производителите покажува дека тие ќе продолжат со претставување на повеќе варијанти од еден модел. Со тоа корисниците ќе добијат подобар избор во одредена категорија на смартфони.

Извор: TechRadar

Претходна статијаMicrosoft ќе дозволи задржување на бесплатниот простор од 15 GB на OneDrive
Следна статијаГерманија успешно го стартуваше својот најнов фузиски реактор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.