По неколкуте „рендери“ направени врз основа на информации за Note 10 уредите, сега ги имаме и првите официјални слики, барем така се тврди за нив, односно тие не се рекреирани и слично.

Кога ќе се земат во предвид изворите, тие досега немаат згрешено, па затоа можеме да бидеме скоро сигурни дека овие слики се вистинската работа и дека веќе го имаме изгледот на Galaxy Note 10.

Според досегашните информации, Galaxy Note 10 треба да биде претставен на настан во Њујорк, на 7 август на стандардниот Unpacked настан од Samsung. Таа дата веќе е на помалку од еден месец, па нема многу да чекаме додека видиме што спрема Samsung за новата и десетта генерација од Note серијата.

Од сликите може да се види тоа што досега го имавме видено на рендерите. На задната страна ќе има 3 камери, додека кај поголемиот и нов за серијата модел, ќе има 4 камери. Друго нешто на задната страна нема да има, а тоа и се очекува со оглед на тоа што Samsung почна да користи сензор за отпечатоци под екранот.

Предната страна има уште помали рамки и од S10 уредите. Камерата кај Note серијата ќе биде само една, па дупката за истата ќе биде многу мала и скоро незабележлива. Исто така, многу подобро решение според мене, дупката ќе биде на средината, односно ќе посетува на таканаречените исечоци како солза, само без поврзаноста со горната рамка, простор којшто ќе прикажува слика.

Кога на ова ќе се додаде заобленоста на екранот од страните, нешто што е карактеристично за Samsung, овој уред ќе биде навистина целиот екран на предната страна.

Новина, барем според овие слики, ќе биде бојата на едната од варијантите, која веќе се користи од страна на Huawei и јас се чудев зошто повеќе производители не ја користат. Се работи за нијанса од сина, зелена и виолетова боја кои се прелеваат една во друга.

Од сликите исто така може да се забележи дека Note 10 ќе има едно копче помалку, па се поставува прашањето дали Samsung ќе го тргне не толку популарното Bixby копче или ќе направи неочекуван потег и ќе го тргне копчето за вклучување на уредот.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статија„Agent Smith“ е нов Android вирус кој додава малициозен код на некои од најпознатите апликации
Следна статијаАрнолд Шварценегер е главното лице во нова кампања за промоција на електрични автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.