Google ги претставува своите уреди обично во октомври, па со оглед дека одморите веќе се почнати, октомври брзо ќе дојде. Информациите за новите Pixel уреди веќе стандардно излегуваат, а на тоа се приклучи и Google со нивна слика која прикажува мал дел од телефоните.

OnLeaks е еден од најчестите кои излегуваат со неофицијални информации, а тие се погодуваат и точни. Тој излезе со нови „рендери“ од Pixel 4 XL моделот кои ни прикажуваат нови информации за што е тоа што Google го спрема.

За изненадување, иако конкуренцијата веќе две години оди кон тоа да ги намали рамките околу екранот со разни решенија, од исечоци, до дупки и посебни механизми за прикажување на камерата, Google изгледа дека оваа година ќе се врати на стандардните рамки.

Барем тоа се тврди од рендерите направени врз основа на информациите кои ги има OnLeaks. Тоа значи и дека уредот ќе биде нешто поголем од конкурентните, но исто така значи и дека на предната страна ќе има две камери, но и додатни работи.

Се верува дека една од причините поради која од Google се имаат решено за целосна рамка на горната страна е и можноста за поставување на некој модул за отклучување на телефонот, слично на Face ID или модул за контрола на уредот со гестикулации.

Од друга страна, ова може да е добра вест за голем број на корисници кои не ги сакаат исечоците, па попрво би користеле уред со стандардна рамка, додека да дојдат уредите без воопшто рамка, но и без исечок и слично некое решение.

Новина во оваа промена е секако кај XL моделот, а обичниот и помал модел, доаѓаше со рамка, односно без исечок.

Оставете коментар