TrendForce

Apple треба да претстави три нови iPhone смартфони оваа есен, барем според сите досегашни неофицијални информации кои беа достапни. Според нив, сите модели ќе бидат направени во стилот на iPhone X, односно ќе имаат многу мали рамки околу екранот, а на горниот дел ќе биде исечокот којшто го започна сега веќе стандардниот тренд кај доста производители.

Она што досега беше најчесто објавувано, а го потврдува и најновата серија на информации од TrendForce е големината на екранот на трите модели. Па така, iPhone X ќе добие нова генерација со истата големина на екранот од 5,8 инчи, но овој модел ќе добие и поголема верзија од 6,5 инчи која би требало да се вика iPhone X Plus.

Овие два модели ќе дојдат со OLED екран, а според најновите информации и поддршка за Apple Pencil. Со оглед на популарноста на Note серијата од Samsung чија главна карактеристика е пенкалцето, не е чудо и Apple да се приклучи на овој тренд. Корисниците со тоа добиваат можност да пишуваат забелешки, да потцртуваат одреден текст, да цртаат и слично.

Овие два модели исто така ќе му конкурираат на Samsung со зголемување на просторот за податоци до 512 GB, исто како кај новиот Note 9 модел, а се најавува и зголемување на RAM меморијата на 4 GB, но ова не може баш да се спореди со Android уредите.

TrendForce исто така потврдува дека Apple ќе претстави и трет модел којшто треба да биде најевтин во групата, а поради тоа ќе има одредени „недостатоци“ во споредба. Тој ќе работи на LCD, наместо на OLED екран, нема да има поддршка за Apple Pencil, а нема да има ни можност за избор на 512 GB простор за податоци.

Цените на трите модели се најавува дека може да бидат нешто пониски поради преговори на Apple со своите добавувачи на компоненти, кои треба да ги спуштат цените за одреден степен. Apple веќе ја има една од најголемите маржи на своите уреди, меѓутоа тешко е да се оправда намалување на цените пред акционерите.

Поевтиниот модел треба да има цена од околу 699-749 долари, iPhone X ќе добие одредено намалување поради вклучувањето на поголем модел, па би требало да се продава по цена од околу 899-949 долари, а најголемиот модел од 999 долари, па нагоре.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаGoogle jа следи нашата локација и откако ќе ја исклучиме можноста за истото
Следна статијаOppo F9 е смартфон од средно-високата класа со мал исечок на горниот дел од екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.