AndroidHeadlines

Како што веќе сигурно повеќето од вас знаат, Samsung ќе го претстави Galaxy Note 9 на настан во Њујорк идниот месец, поточно на 9-ти август. Тогаш конечно ќе го видиме овој уред за кого не престануваат неофицијалните информации, а дури имавме и тврдење од руски сајт дека го имаат тестирано при нивна посета на САД.

Она што е заедничко за сите досегашни неофицијални информации е дека овогодинешниот Note модел нема да биде нешто посебно различен од ланскиот. Ова може да се каже и дека е очекувано, а главните промени Samsung ги планира за моделите од идната година.

AndroidHeadlines излегоа со „рендер“ од Galaxy Note 9 за кого нивните извори тврдат дека е официјален, односно дека Note 9 точно така ќе изгледа.

Тоа што може да се види од сликата, која за жал е само од предната страна, е дека Note 9 навистина нема да има никакви промени на предната страна и ќе изгледа исто како Note 8.

Она што само може да се забележи, меѓутоа не е сигурно дали е точно, е дека рамката на долната страна од уредот, можно е да биде нешто помала. Како и да, е остатокот од уредот е ист.

Главните промени на Note 9 се очекуваат на задната страна, каде сензорот за отпечатоци ќе биде поставен на повеќе удобната и барана позиција, под камерата. Се разбира, промени ќе има и во карактеристиките на уредот кој ќе дојде со најновите и моментално најсилни, а се очекува и новини кај камерата.

Според најавата од Samsung, најверојатно главната новина кај Note 9 ќе биде неговото S Pen пенкалце кое најверојатно ќе дојде со Bluetooth поддршка, што значи дека ќе има многу повеќе функции од досегашната за пишување на екранот.

ИЗВОРAndroidHeadlines
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаГи „претресуваме“ сите теми важни за индрустријата – На Weekend дознајте дали можете да му верувате на својот мобилен и дали претседателите ги слушаат своите комуникациски советници
Следна статијаInstagram го претстави Questions Sticker преку кој ќе може да се поставуваат прашања и одговори на Stories
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.