Tech Configurations

Можеби Galaxy S10 само што беа претставени и уште не се достапни во продажба, сепак, информациите за наредната генерација од Note серијата веќе почнуваат да излегуваат.

Верувам дека фановите и корисниците на Note серијата сепак ќе го почекаат наредниот модел, па мал број од нив би се одлучиле да се префрлат на S серијата.

Името на наредниот Note се очекува да биде Note10, иако според некои информации Samsung може да се реши за одредени промени. Има доволно време до претставувањето, па сигурно ќе излезат уште многу дополнителни информации.

Инаку, првите неофицијални информации за Note10 не се нешто многу. Тие во основа се поврзани со камерите и поврзаноста на уредот, па еве што е достапно како информација.

На задната страна Note10 треба да има 4 камери. Овие камери се верува дека би биле истите кои се сега достапни во 5G верзијата од S10, но не е чудно да сепак добијат одредени унапредувања.

Исто така, се верува дека Note10 ќе дојде со 5G можност за поврзување. Иако до крајот на годината 5G мрежите уште нема да бидат доволно распространети, сепак за телефон којшто ќе треба да го „издржи“ поголемиот дел од 2020, па и повеќе, 5G поддршката е нешто што мора да се има, а посебно за бизнис модел.

Note10 би бил претставен некаде во август, ако Samsung не се реши за уште порана дата, а до тогаш ќе прочитаме уште многу информации.