Nokia, поточно носителот на правата за овој бренд, HMD Global, започна со рекламирање на нов уред во Кина. Името кое ќе го носи овој уред е Nokia X, а треба да биде претставен на 27-ми овој месец.

Повеќе информации од рекламата не може да се видат. Во основа таа е направена да два уреди ја креираат буквата X, а под неа е истакната датата кога може да се очекува претставувањето. Тоа значи дека повторно се што имаме се неофицијалните информации кои за овој уред говорат дека ќе биде од средно високата класа.

Тоа значи дека иако името е Nokia X, овој уред не е направен со цел да му конкурира на iPhone X, како што многу од нас би си помислиле.

Според информациите, Nokia X ќе има две варијанти кои ќе нудат избор помеѓу 4 и 6 GB RAM меморија, како и 64 GB простор за податоци. Чипсетот ќе биде или од Qualcomm или од MediaTek, а можно е да бидат и двата, односно зависно од пазарот како што прави Samsung.

Како и да е, нови уреди од овој бренд секогаш привлекуваат внимание, без разлика на класата во која ќе бидат направени.

Nokia X исто така не е познато дали воопшто ќе се продава во остатокот од светот или само во Кина, па останува да дознаеме идната недела.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2PhoneArena
Претходна статија“БазФид“ и “Додо“ го прават секојдневието поинтересно преку Супер Бавни “Слоу-Мо“ видеа креирани со новите Самсунг Галакси С9 и С9+
Следна статијаКоја е врската помеѓу нашата свест и квантниот свет?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.