Како би изгледал Nokia смартфонот кој треба да има 5 камери на задната страна

Информациите се се’ уште неофицијални, а Concept Creator ни претставуваат интересни видеа направени врз основа на ваквите информации

Една од поинтересните неофицијални информации кои можевме да ги прочитаме изминатиот период е информацијата дека Nokia ќе претстави смартфон кој на задната страна ќе има 5 камери. Ова се разбира можеби изгледа како претерување во борбата за пазарна учество, меѓутоа овие камери и реално би можеле да овозможат одредени предности, а посебно за корисниците кои често го користат својот смартфон за сликање.

Concept Creator прават одлични видео рендери од смартфоните кои не се претставени, но за нив има доста неофицијални информации. Тие врз основа на нив прават концепт од тоа како би изгледал тој телефон, па може слободно да се каже дека нивните видеа се навистина интересни.

Во видеото се гледаат петте камери на уредот, но и целиот уред според сите досегашни неофицијални информации поврзани со него.

Претходна статијаAmazon претстави своја паметна микробранова печка која работи со Alexa
Следна статијаКористете детско седиште за превоз на вашите најмили бидејќи безбедноста на децата нема алтернатива
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.