Nokia Mobile, преку нивниот Twitter профил, минатата недела најави претставување на нов телефон. Настанот е закажан за 21 август, односно утре, а како што истакнуваат од компанијата, тие ќе го претстават еден од најмногу очекуваните телефони.

Повеќе информации во најавата нема, па останува да претпоставуваме и да го гледаме утрешниот настан.

Она што ние се надеваме е дека Nokia ќе претстави телефон од највисоката класа, нешто што според нас најмногу се очекува од овој бренд сега во сопственост на HMD Global, компанија од Финска формирана од поранешни вработени во Nokia и Microsoft.

HMD Global досега во главно се концентрираше на ниската, средната и средно-високата класа, меѓутоа се’ уште го немаме видено вистинскиот модел од највисоката класа од овој познат бренд.

Верувањата се дека можно е претставување на Nokia 9, кој според неофицијалните информации треба да биде од високата класа, односно треба да дојде со делумно заоблен екран кој ќе овозможи помали рамки, со големина од 5,7 инчи. Чипсетот треба да биде моментално најдобриот од Qualcomm, односно Snapdragon 845, а се најавуваат и двојни камери на задната, но и на предната страна.

Претставувањето на телефонот ќе биде утре, па нема потреба од „губење време“ со неофицијалните информации. Се читаме утре.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаGoogle го промени објаснувањето за „Location History“ по откритието дека исклучувањето не значи и крај на зачувувањето на локацијата на уредот
Следна статијаКако да си ги заштитите потрошувачките права ако ви дојде невообичаено висока сметка за мобилен?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.