Норвешка веб страна открива и ја објавува информацијата дека Nokia 7 Plus испраќа информации до кинески сервер по активацијата на уредот. Овие информации се пуштаат при секое вклучување на уредот, а оваа практика обично се користи за активација и идентификација на телефонот со мобилниот оператор.
Проблемот во овој случај е што овие информации биле испраќани до кинески сервер, поточно до државен оператор, на уреди кои не се од Кина.
Информациите вклучувале работи како IMEI број на уредот, MAC ID, како и идентификациски број на SIM картичката.
Од HMD Global, кои се сопственици на Nokia брендот, објавија соопштение во кое го потврдуваат случајот, но и даваат објаснување. За случајот сепак компанијата ќе биде предмет на истрага, а тоа е можно од неколку институции.
Според компанијата, по грешка конфигурација на софтверот која е наменета за кинескиот пазар, се има најдено кај Nokia 7 Plus уреди кои не се за тој пазар. Информациите кои се испратени не се искористени, а од компанијата веќе имаат испратено исправка на грешката.
Во време кога приватноста на корисниците се смета за загрозена од сите страни, Nokia сигурно ќе има проблем со брендот, а посебно во време кога овие уреди сепак ја немаат продажбата од порано.