Nokia 3310 е можеби еден од најпознатите телефони кој беше масовно користен во времето пред излегувањето на денешните паметни телефони со екран на допир. Дизајнот, како и неговата едноставност и лесно користење, направи да телефонот е омилен на корисниците низ целиот свет.

HMD Global, компанијата која сега ги носи правата на Nokia брендот, паметно одигра кога го претстави овој модел во модерна варијанта. Nokia 3310 беше претставен минатата година, а очекуваната популарност со оглед на конкуренцијата сигурно досега е достигната.

По претставувањето на првиот модел, HMD Global излезе со подобрена верзија која подржува 3G конекција, нешто што слободно може да кажеме дека требаше да биде дел од првиот модел.

Оваа година HMD Global оди чекор понатаму со претставување на варијанта која подржува 4G конекција, како и можност истата да биде споделена преку креирање на мобилен хотспот.

За почеток овој модел од Nokia 3310 ќе се продава во Кина, а нема информации дали и кога ќе стане достапен во остатокот од светот.

Извор: Engadget, Nokia

Претходна статијаSamsung го презема тронот од Intel во производството на чипови
Следна статијаПријавувањето за 6-та Авицена Женска трка е отворено
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.