nokia-105

За некои можеби и смешно, но за мене едно вистинско освежување се двата нови Nokia мобилни телефони. За прв пат после долго време воопшто не ме интересираат ниту спецификациите, ниту дали има апликации за инсталирање. Бидејќи знам дека ова ќе биде мобилен кој секогаш ќе биде подготвен за наредниот повик и ќе направи да заборавам како изгледа полначот.

Да, да, со Nokia 105 нема да можете да си праќате стикери со пријателчињата на Facebook и од се што правиме на интернет, веројатно ќе можете само да си проверите мејл, но затоа ќе можете да правите супер квалитетни повици, благодарение на подобрениот звучник за разговори. Тоа ќе можете тоа да го правите долго, бидејќи Microsoft, кој ја купи Nokia пред скоро една година, ветува 15 часа непрекинати разговори, односно до 35 дена стендбај со едно полнење на батеријата.

Nokia 105 има и игри. Нови генерации, но повторно оние познатите од Nokia од времето. Новата змија се вика Snake Xenzia, а нејзе ја придружува вториот дел од Bubble Bash. И плус ќе можете да зачувате до 2000 контакти, благодарение на зголемената меморија. И ќе можете да го изберете во три различни бои. И може секој да го има, бидејќи ќе чини 20 долари!

Не, Nokia 105 нема да ви го забрза срцето, но затоа ќе ја разбуди носталгијата кон времето кога телефоните се правеа за да ве служат неколку години, кога спецификациите не беа толку многу важни и кога мобилните се купуваа со цел да се разговара на нив, а не да се обидат да го заменат компјутерот.

Nokia 105 ќе биде достапна во две верзии, со една и две сим картички. Моделот е само подобрување на истоимениот модел претставен пред неколку години, кој пак досега се продаде во 80 милиони примероци, што е доказ дека сепак се работи за доверливо и квалитетно парче опрема. Што и не е чудно, напред сепак пишува Nokia.

Извор: Microsoft, Windows Central

Претходна статијаСо Claxi патниците добиваат, а таксистите уште повеќе
Следна статијаODiN – Kickstarter проект за ласерски проектиран глушец/trackpad