BzP756oCYAAFN7D.png large

Веќе е познато дека наредниот Nexus таблет се очекува да биде направен од страна на HTC. Оваа информација иако се’ уште непотврдена од било која од засегнатите компании, сепак според бројот на шпекулации, може да се смета како точна. Можеби и нема уште долго да чекаме да видиме дали информациите се точни, зошто според други, Google ќе го претстави Nexus таблетот, а најверојатно и мобилниот телефон овој месец.

Додека чекаме до официјалните претставувања, како и обично, приближувањето на датата се гледа и од излегувањето на повеќе информации, слики и видеа. Во овој случај се работи за излегување на неофицијална слика, што значи не е сигурно дека е вистинита, на која што е прикажана задната страна од Nexus 9. Сликата е пуштена од страна на @upleaks, односно преку твитер профилот на овој кинески „протекувач“ на информации.

Со оглед на тоа дека се работи за една слика, не може многу да се види. Од тоа што сепак може да се види, тука се логоата на Nexus и HTC, како и камерата и флешот. Исто така материјалот на задната страна наликува на нешто слично што е користено во претходниот модел, односно Nexus 7.

Инаку, како што може да се види од името, наредниот Nexus таблет треба да има 9 инчен екран кој што е во малку поразлична форма од досегашните. Како што се гледа и од оваа слика, форматот на уредот е нешто поширок, нешто што е карактеристично кај iPad моделите, а ценето од голем број на корисници.

Извор: Engadget, AndroidCentral, @upleaks

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.