nexus 6 --

Вдлабнатината во задниот дел на новиот Nexus 6 била замислена токму за сензор за отпечатоци од прсти, но, истиот го нема, а за тоа е „крив“ Apple.

Причината не е дека Apple го има патентирано читачот на отпечатоци и дека бара голема сума пари за некој друг да го користи, како што навикнавме досега во судските борби со Samsung. Всушност, производителот на сензорите, Authentec, кој ги прави најдобрите на пазарот, денес е во сопственост на Apple и прави читачи ексклузивно за нив.

Но, каде е Motorola во оваа приказна и зошто воопшто направиле вдлабнатина во задниот дел на смартфонот? Пред неколку години, американскиот производител всушност беше прв на пазарот кој ги користеше читачите за отпечаток од прст на Authentec и тоа во моделот Atrix 4G (на фотографијата) и воопшто прв во мобилната телефонија да го направи тоа. Сепак, додека втората генерација на истиот смартфон стигна на пазарот, Apple веќе го купи Authentec за 356 милиони долари.

Секако, Motorola имаше можност да набави читач и од други производители, но причината зошто не го направиле тоа, е многу послабиот квалитет и целосно корисничко искуство, како што е тоа случај со Galaxy S5 на Samsung или One MAX на HTC, кои, според тестовите, не се на нивото на оној од iPhone серијата на Apple.

Во превод, ова значи и дека не ни треба да очекуваме квалитетен читач на отпечатоци во друг паметен телефон освен iPhone во скоро време, односно, се додека не се појави некој поконкурентен производител.

Извор: The Verge

Претходна статијаМобидониа, Македонски генератор на мобилни апликации
Следна статијаПаметна тастатура ќе го открива корисниот според начинот на пишување