moto-g-3rd-gen-black

Moto G од Motorola е една од најпопуларните серии на паметни телефони. Се работи за телефони од средната класа, кои што доаѓаат со солидни перформанси и одлична цена.

Нова, односно трета генерација од Moto G серијата треба да биде претставена идната недела, поточно на 28 јули. Како и обично, можевме да прочитаме повеќе неофицијални информации и да претпоставиме кои би биле спецификациите на новиот телефон. Се разбира, искуството има покажано дека неофицијалните информации иако често точни, не може да се сметаат како 100% сигурни, но може да се земат како еден показател за што може да се очекува.

Оваа недела информации за спецификациите на Moto G се објавени на една шведска продавница, очигледно по грешка со оглед на тоа што се чека претставувањето на телефонот на официјалниот настан. Се работи за продавницата Digitech, а според нивната објава Moto G трета генерација ќе ги има следните карактеристики:

  • 5 инчен екран со Full HD резолуција
  • Snapdragon 610 чипсет со осум јадрен 1,7 GHz процесор и Adreno 405 графички процесор
  • 2 GB RAM меморија
  • 8 GB меморија за складирање со поддршка за microSD картичка до 128 GB
  • Камера со 13 мегапиксели

Цената по која што е најавено дека ќе се продава уредот изнесува 235 евра, меѓутоа како и спецификациите, ќе дознаеме што се е точно идната недела.

Извор: TechnoBuffalo, PhoneArena, DroidLife

Претходна статијаLG го претстави Bello II – Втора генерација од пониската L класа
Следна статијаАвтомобилите стануваат подложни на хакирање со нивното влегување во категоријата на „паметни“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.