Од сите веќе претставени и најавени концепти на уреди со екран кој може да се превитка, најголемо внимание привлече и тој од Motorola со кој оваа компанија треба да го врати стариот и познат RAZR.

RAZR беше „flip“ телефон кој со неговото превиткување станува помал и полесен за чување во џебот и слично. Модерната верзија со екран кој се превиткува, секако ќе биде поразличен, но ќе го задржи основниот концепт, уред кој се отвора за да се користи и потоа за затвора во помал формат за лесна преносливост.

Познатиот @evleaks, односно Еван Блас, објави 10 слики од овој уред од Motorola, а доколку ги земеме досегашните информации од Блас, можеме да верувам дека го гледаме вистинскиот уред.

Од сликите се гледа класичниот изглед на RAZR, кој кога ќе се отвори го прикажува сега веќе новиот, екран кој се превиткува.

Тоа што се забележува од сликите е и исечок на горната страна, нешто што можеби сепак ќе беше подобро да го нема, а посебно кога ќе се земе во предвид уште една работа која се гледа од сликите.

Кога уредот ќе биде затворен, на задната страна ќе биде достапен уште еден помал екран, кој ќе служи за прикажување на известувања и слични информации додека уредот е затворен. Според сликите, овој екран ќе може да се користи и за сликање на селфи слики, па затоа малку е чудно зошто воопшто главниот екран би имал исечок.

Сликите се во продолжение, па за помалку од 10 дена ќе дознаеме и навистина како ќе изгледа овој уред и што се ќе може да направи и да им овозможи на корисниците.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаАплицирајте на младинскиот предизвик Generation Unlimited
Следна статијаНовиот Microsoft Edge добива и ново лого
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.