Evan Blass

LG ќе го претстави G7 на 2-ри мај, односно идната среда, а за истиот досега имаше само еден мал „тизер“ со којшто најави дека телефонот ќе дојде со акцент на системот за вештачка интелигенција.

Еван Блас, познат како @evleaks, како и секогаш излегува со слики и информации за уредите кои треба да бидат претставени, а после толку време и погодени информации, веќе му веруваме без резерва.

На неговиот Twitter профил тој објави слика на која се гледа новиот G7 од сите негови страни. Па така, се гледа исечокот на предната страна од екранот, двојната камера на задната страна, сензорот за отпечатоци под камерите, како и посебно копче кое најверојатно ќе се користи за Google Assistant на левата страна под копчињата за звук.

На сликите се гледа и металната рамка околу уредот и слободно може да се каже дека LG ќе претстави одличен уред, но во правец на тоа што е популарно овие година дена, ништо ново и посебно.

ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаШто знаат маркетерите за вас кога огласуваат на Facebook?
Следна статијаНеопходни се промени во Балканските образовни системи – еден од заклучоците од дебатата за дигитални вештини на Дигиталниот Самит
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.