s-1

Корисниците кои се мислат кој мобилен телефон од високата класа да го купат следниот период, нема да имаат толку лесна работа. Изборот е голем, односно овие месец до два веќе се претставени или ќе бидат претставени повеќе модели од производителите.

Samsung го претстави Galaxy Note 7, а се очекуваат претставувањата на iPhone 7, нови Nexus уреди од Google и други.

Според неофицијални информации од Кина, познатиот Xiaomi овој месец треба да го претстави својот Mi Note 2. Точната дата која се најавува е 25-ти август, а на истиот настан треба да биде претставен и Redmi 4.

Mi Note 2 треба да биде телефон од високата класа со најновите компоненти достапни овој период. Така, за овој уред се очекува да дојде со Snapdragon 821 процесорот, 4 GB RAM меморија и 64 GB простор за складирање.

Се најавува и достапност на модел со 6 GB RAM меморија и 128 GB простор за складирање кој ќе биде нешто поскап.

Цената која се најавува за Mi Note 2 изнесува 375 долари, односно 400 долари за вториот модел, а овие цени се разбира се однесуваат за Кина, а кај нас може да се очекува нешто повисока цена.

Извор: TechnoBuffalo, XiaomiToday

Претходна статијаСпоред експертите, Galaxy Note 7 го има најдобриот дисплеј од сите смартфони
Следна статијаiPhone 7 ќе биде претставен на 7-ми септември?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.