Motorola, поточно Lenovo, ги претстави уредите од нивната најнова G7 серија на мобилни, составена од 4 посебни уреди. Сите уреди се од пониската или од средната класа и како што е стандардно веќе со овие категории на уреди, нудат одлични карактеристики, секој уред со некоја своја посебно истакната.

Телефоните кои се дел од новата G7 серија ги вклучува следните:

Moto G7 plus

Ова е уред чија што главна карактеристика, според Motorola, е камерата и можностите за сликање. Доаѓа со двојна камера на задната страна со сензор од 16 мегапиксели. Сликањето е дополнително помогнато од вештачка интелигенција која овозомжува подобро проценување на тоа што се слика и избирање на најдобрите можни прилагодувања.

Овој уред работи на Snapdragon 636 чипсетот и има 6,2 инчен Full HD+ екран. Ќе се продава по цена од околу 300 евра. Повеќе информации за овој уред можете да прочитате на овој линк.

Moto G7

Овој телефон доаѓа со 6,2 инчен екран со Full HD+ резолуција. Работи на Snapdragon 632 чипсетот, а камерата му е двојна со 12 мегапиксели. Ќе се продава по цена од околу 260 евра. Повеќе информации за овој уред може да се прочитаат тука.

Moto G7 power

Како што може да се претпостави од самото име, G7 power како главна карактеристика ќе ја има големата батерија со огромен капацитет од 5.000 mAh. Со оваа батерија, а кога ќе се земе во предвид и тоа што компонентите се од средната класа, овој уред се очекува да издржи неколку дена без потреба од полнење.

Доаѓа со 6,2 инчен HD+ екран и работи на Snapdragon 632 чипсетот. Ќе се продава по цена од околу 220 евра, а повеќе информации можете да видите на

Moto G7 play

Ова е најмалиот и најевтин уред од серијата. Доаѓа со 5,7 инчен HD+ екран и работи на Snapdragon 632 чипсетот. Камерата, која е една, доаѓа со 13 мегапиксели, а ќе се продава по цена од околу 180 евра. Повеќе информации за овој модел можете да видите тука.



ИЗВОРMotorola
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаТемната тема во Google Chrome стигната до тест верзиите од прелистувачот
Следна статијаGoogle започна со тестирање на навигација со проширена реалност во Google Maps
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.