Не е тајна, дека трендот во технологијата е да се интегрира вештачката интелигенција од која се очекува да ги предвидува нашите потреби и желби. Сепак, вештачката интелигенција сеуште е во процес на развој и усовршување и според специјалистите ќе треба да почекаме уште неколку години пред да ја видиме со својот целосен потенцијал.

Во меѓувреме, продолжуваат да се развиваат разни софтверски решенија кои на еден многу фин и едноставен начин го прават нашиот живот навистина полесен. Пример за таква интеграција во смартфоните се т.н. Moto Experiences на Motorola. Moto Experiences се оној малку зачин кој американскиот бренд го додава кон чистиот Android, за да му даде еден свеж и многу пријатен вкус на искуството на корисниците.

Moto Experiences се едноставни гестови кои ги активираат најчесто употребуваните функции, без дури и да треба корисникот да го допре екранот. Ова заштедува време, енергија и го прави работењето со телефонот исклучително лесно.

Moto Actions

Moto Actions се специјални функционалности на Motorola смартфоните кои овозможуваат активирање на клучни функции само со гестови. Тие ја олеснуваат секојдневната употреба на телефонот и ја прават интеракцијата со него уште поинтуитивна.

Овие кратенки се спас во моментите кога на пример, сакате нешто итно да снимите, но ќе ја пропуштите можноста додека ја отварате апликацијата на камерата. За да не пропуштите ниеден важен момент, отворете ја веднаш камерата со две свртувања на зглобот на раката. Со уште две свртувања превклучувате од задна на предна камера.

Се враќате дома и светлата во влезот не работат, или пак снемува струја додека сте дома. Наместо да седите во темнина, брзо, лесно и удобно вклучете го светлото – со две простресувања на раката.

Треба да направите брза слика на екранот? Едноставно ставете три прста врз него и готово. Специјалниот editor ви овозможува пак да снимите страница додека се движите низ неа.

Влегувате на важен состанок и не сакате да ве прекинуваат или ви требаат 15 минути на потполна тишина за да се концентрирате на она што го правите. Свртете го телефонот со екранот надолу, за да го активирате режимот „Не ме вознемирувај“.

Во случај кога не можете да си дозволите целосно да се изолирате и дојдовен повик ја прекинува деловната дискусија, едноставно земете го телефонот во рака и тој во моментот ќе се префрли на вибрации.

Ако смартфонот се претворил во продолжение на вашата рака, бидејќи вашата работа и начинот на живот тоа го налагаат, ќе ја цените удобноста на навигацијата со едно копче. Лесно е – скролнете лево за да се вратите назад, десно – за пристап до апликациите кои последни сте ги користеле, допрете го копчето за да се вратите на почетниот екран и задржете за да го заклучите телефонот.

На луѓето со активно секојдневие ќе им се допаѓа и функцијата “Swipe to shrink”, со која само со едно лизгање го намалувате екранот за работа со една рака.

Moto Display

Кон удобните Moto Actions се додава и функцијата Moto Display која ви овозможува да ги прегледувате известувањата и ажурирањата брзо и лесно, без да треба да го отклучувате телефонот. Кога пристигаат нови, важни известувања, Moto Display прикажува дискретна икона на соодветната апликација која е доволна за да ви го привлече вниманието. Едноставно поминете со раката преку екранот за да видите што се случува. Потоа можете да одите директно на апликацијата со само еден допир, а ако претпочитате можете да го оставите тоа за подоцна. Убавото е во тоа што Moto Display не се активира кога уредот е во вашиот џеб или во вашата торба и освен тоа ја штеди енергијата на вашата батерија.

Moto Voice

Moto Voice обезбедува вистинско hands-free искуство, бидејќи користите гласовни команди за да управувате со вашите омилени апликации, да испраќате кратки пораки, да ги промените поставките на телефонот. Можете дури и да поставувате комплексни прашања кои се состојат од неколку делови користејќи нормален говор, без да ги кажувате посебно*.

Ако сте пропуштиле да ја видите временската прогноза, едноставно прашајте: “Ќе ми треба ли чадор денес”** и вашиот moto смартфон ќе ви даде информација за временските услови.

Но, тоа не е сè. Колекцијата Moto Experience постојано се развива со фунции кои ја олеснуваат секојдневната употреба на телефонот и ја прават интеракцијата со него уште поинтуитивна. И бидејќи Motorola го исполнува ветувањето да обезбедува премиум карактеристики по разумна цена, Moto Experience функциите не се заштитен знак само на уредите од високата класа. Некои од нив се достапни и кај подостапните модели како најновите дополнувања на moto e и moto g сериите кои веќе се достапни на нашиот пазар.