Легендарниот Маркез Браунли го прикажува ASUS ROG Phone

Маркез Браунли е еден од попознатите и поинтересните луѓе на YouTube кој на свој уникатен начин ги презентира познатите смартфони, како и други производи

ASUS го претстави можеби досега најсериозниот гејминг смартфон ROG Phone на почетокот од минатиот месец. Овој телефон доаѓа со 8 GB RAM меморија, 512 GB простор за податоци, екран со стапка на освежување од 90Hz, засилен Snapdragon 845, посебен систем за ладење, како и повеќе додатоци за играње, меѓу кои најважниот, можноста за вклучување на поголем екран како десктоп компјутер.

Познатиот Маркез Браунли успеа да дојде до овој одличен телефон, па од кого подобро да го видиме претставувањето, но и мислењето за каков уред се работи. Пуштете го видеото погоре и уживајте како во уредот, така и во интересниот Браунли.

Претходна статијаMicrosoft петентира систем против играчи на Xbox кои мамат базиран на вештачка интелигенција
Следна статијаКако да избегнете замор при долготрајни возења
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.