Oвој телефон кој e дел од Huawei Mate20 серијата, дизајниран со својата досега најмоќна и софистицирана технологија во индустријата, претставува врв во иновациите. Huawei како компанија со новиот модел Mate20 Pro дефинитивно постави повисоко ниво со кое ќе се мерат сите паметни телефони во 2018 година.

Huawei Mate 20 Pro покажува клучни иновации во сите димензии во кои корисниците бараат вредност при изборот на нов уред – брзина, батерија, камера, безбедност и дизајн. Едночиповиот 7nm систем Kirin 980 обезбедува 75% поголема продуктивност на централниот процесор во споредба со претходната технологија, а интелигентно управување со 8-те јадра води и до уште подобра енергетска ефикасност на батеријата со уште поголем капацитет од 4200mAh. Заедно со веќе двојната мрежа и графичкиот процесор Mali-G76 со поддршка на AI clock boosting, целокупната компјутерска моќ на Mate 20 Pro е базиранa на Intel Core i5-7300. Батеријата на Mate 20 Pro ја поддржува и Super Charge технологијата од новата генерација, со моќност од 40W, која може да ја наполни батеријата на паметниот телефон од 0 до 70% за само 30 минути.

Новиот Huawei Mate20 Pro поседува Matrix Camera која го вклучува Leica Ultra Wide Angle објективот којшто им овозможува на корисниците не само да гледаат пошироко, туку и поблиску од својата способност за макро растојание. Системот на матриксни камери го усвојува иконичниот дизајн на четири-точки, давајќи му на уредот препознатливост дури и на далечина. Новиот Master AI нуди огромен спектар на режими, препознавајќи 1500 сценарија за снимање во 25 категории во различни сегменти на фотографијата, какви што се позадина и портрет.

Телефонот користи оперативен систем EMUI 9 базиран на Android P, на кој потрошувачите можат лесно и удобно да ги уживаат сите функции за продуктивност и забава со неколку едноставни допири. Иновацијата исто така е во насока и на видеo режим кој овозможува да се снима видео од 21: 9 со високо подобрена стабилизација и мноштво уметнички режими. Сега секој може да креира креативни и професионални видеа.

Уште една од интересните карактеристики на Huawei Mate20 Pro достапни се иновативните технологии за отклучување – со вграден сензор за отпечатоци и 3D препознавање на лице, кој работи во речиси целосна темнина, благодарение на инфрацрвената камера која прави мапирање на лицето од 30.000 точки. Користејќи го 3D системот за мерење кој се наоѓа на предната страна, уредот може точно да ги прочита карактеристиките на лицето и да препознае дури и мали детали.

За повеќе информации околу перформансите и цената на моделот можете да ги посетите официјалните сајтови neptun.mk, telekom.mk и setec.mk и директно на продажните места.

Претходна статија„Без изговори“ – нова кампања на РСБСП
Следна статијаDaredevil: Најдобрата Марвел серија