surface-phone-2-100577979-large

Долго најавуваниот Surface Phone, односно телефонот на Microsoft со Windows 10, кој треба да ја продолжи успешната линија на таблет – лаптопи, според WinFuture е забележан во бенчмарк мерења, на кои јасно пишува Surface Phone.

Засега, нема официјални информации од Microsoft за тоа дали таквиот телефон навистина ќе постои, но според луѓето што го следат одвнатре, како и оние кои се во тек со случувањата во Windows 10 сферата, тоа е скоро сигурно. Ваквиот телефон веројатно ќе привлече многу внимание, бидејќи би требало да има Intel процесор, кој ќе овозможи работа на телефонот и со стандардните Win32 програми од Windows.

surface-phone-benchmark-640x304

На HTML 5 тестот кој се гледа на фотографијата, јасно пишува дека телефонот кој е тестиран е Surface Phone. Секако, ова може и да е измама – нема никаква потврда од изворот дека вистински се работи за оригинал, а на сликата пишува и дека прелистувачот е Mozilla Firefox, кој моментално дефинитивно не е достапен на Windows 10 Mobile. Освен ако во телефонот не е веќе вградена можноста за користење на десктоп програмите…

Инаку, Surface Phone е најавено дека би можел да пристигне во првата половина од наредната година, што значи дека има уште доста време пред да можеме да потврдиме дека воопшто ќе пристигне на пазарот, што пак значи дека треба да не читате за да дознаете први!

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаСмартпортал неделник 16 – 22 ноември 2015
Следна статијаPepsi телефонот е официјално претставен и исклучително евтин