mercury-collage-796x530

BlackBerry во 2016 година ја започна својата фасцинантна авантура со Android софтверот, којашто се чини заврши неуспешно. Иако на друга различна платформа компанијата се покажа како доста иновативен играч.

Но за целосно движење напред и престигнување на својата конкуренција компанијата мора да го следи технолошкиот развој и да се откаже од застарените навики, како познатата Qwerty физичка тастатура, која претставува заштитен знак на BlackBerry уште од нивното постоење. Подоцна компанијата најави повлекување од пазарот во сферата на смартфони, препуштајќи  го идниот хардверски развој на своите партнери.

Првиот смартфон на компанијата кој работи на Android софтверoт, наместо на софтверот BlackBerry OS беше Priv, но тој не ги задоволи очекувањата на корисниците. Компанијата во понатамошната 2016 година претстави уште два нови смартфони DTEK50 и DTEK60 од вкупно три Blackberry смартфони закажани за годината.

Извршниот директор на компанијата John Chen пред месец дена потврди дека компанијата работи на својот последен смартфон со физичка Qwerty тастатура, познат под името Mercury. Во неделата на Кинеската социјална мрежа Weibo се појавија први неофицијални слики за последниот смартфон oд BlackBerry кој е доста сличен на веќе постоечкиот Priv. Значителна разлика е физичката тастатура која е фиксирана, а не е подвижна со лизгач и капацитивните копчиња кои се поставени под екранот.

Заедно со сликата не доаѓа никаков текст прилог, па за хардверските и софтверските карактеристики може само да се нагаѓа и шпекулира. Се претпоставува дека тоа би бил смартфон од средната класа со осум-јадрен Qualcomm Snapdragon процесор, 3 GB рам меморија и 4.5 инчен Full HD дисплеј. Примарната камера би била со 13 мекапикселски сензор и секундарната би имала 8 мекапиксели, а се очекува да работи на најновиот Android софтвер Nougat.

Љубителите на BlackBerry треба да веруваат дека компанијата има сила повторно да се воздигне со помош на Меrcury.

Извор: TNW

Претходна статијаNikola One е првиот камион со погон на водород, кој најавува револуција во товарниот сектор
Следна статијаЛансирана Зафировски Програмата за извршни директори