meizu-mwc-teaser

Со оглед на фактот што само две платформи во главно го држат целиот пазар на мобилни телефони, интересно е следењето на дополнителните играчи кои се обидуваат да направат некаква промена. Сега за сега на ниту една од другите платформи тоа не им успева, но тоа не значи дека во иднина тие нема станат сериозен играч.

Ubuntu телефоните покрај тоа што се интересни за следење поради популарноста на платформата на десктоп, тие се и единствените телефони покрај тие со Windows 10 кои доаѓаат со можноста за поврзување со поголем екран, маус и тастатура и користење како десктоп компјутер.

Кинескиот производител на мобилни телефони Meizu најави дека ќе претстави уште еден телефон од нивната веќе може да се нарече Ubuntu серија. Повеќе информации за овој телефон не се дадени, односно најавено е само тоа дека тој ќе биде претставен на MWC 2016 настанот којшто се одржува овој месец во Барселона.

Очекувањата се дека и овој пат веќе постоен телефон ќе биде направен и во Ubuntu верзија, како што е случајот со претходниот Meizu MX4 со Ubuntu.

meizu-pro-5

За оваа година се очекува дека со Ubuntu ќе биде прилагоден Meizu Pro 5 моделот којшто доаѓа со одлични спецификации, а со тоа и одличен потенција за Ubuntu Convergence.

Meizu Pro 5 доаѓа со Exynos 7420 процесор, 5,7 инчен екран со Full HD резолуција, 3 и 4GB RAM меморија, USB Type-C приклучок и слично. Ова се одлични карактеристики за поврзување на уредот на поголем екран и користење како десктоп компјутер.

Извор: OMGUbuntu

Претходна статијаНајави за спојување на VAIO, Toshiba и Fujitsu во еден компјутерски гигант
Следна статија100 Kickstarter факти за 100.000 успешно финансирани проекти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.