meizu-m5-note-1

Meizu е еден од производителите кој на пазарот нуди прилично моќни смартфони, но со исклучително ниски цени. M5 Note е најновиот модел во нивната понуда, кој има многу солидни перформанси и прилично ниска цена на кинескиот пазар.

M5 Note има дисплеј со големина од 5,5 инчи и Full HD резолуција, што е сосема доволно за да не се познаваат пикселите од нормална оддалеченост. Всушност и iPhone 7 Plus има иста густина на дисплејот. Изработката на телефонот е од алуминиум, што е одлична вест со оглед на ниската цена, а предното стакло е 2.5D, што значи дека е малку заоблено на страните.

meizu-m5-note-4-copy

Голем адут на M5 Note ќе биде огромната батерија од 4.000 mAh, која сигурно ќе овозможи повеќе од еден ден активно користење. Процесорот пак е MediaTek Helio P10, кој не може да се мери со најмоќните на пазарот, но е доволно добар за флуидно користење. Тука е помогнат од 3 GB рам и 16 или 32 GB простор во основниот модел, односно 4 GB рам и 64 GB простор во најмоќниот модел.

Камерите, барем на хартија, се исто така прилично солидни. Задната има 13 мегапиксели и f/2.2 бленда, додека предната има 5 мегапиксели. Во предниот дел на дисплејот е вградено и Home копче со читач за отпечатоци на прстите, што го заокружува позитивниот впечаток за овој паметен телефон.

meizu-m5-note-3-copy

Најголема предност на M5 Note во однос на конкуренцијата е цената – основниот модел со 3 GB рам и 16 GB простор чини само 130 долари во Кина (без даноци), цена која би можела делумно да се покачи ако телефонот се продава и кај нас. Најмоќниот модел пак чини 220 долари (без даноци), што е исто така прилично поволно. Телефонот инаку доаѓа со Flyme OS 6.0 оперативен систем, кој е базиран на Android Marshmallow 6.0.

meizu-m5-note-1-copy

Извор: GSM Arena, NDTV, Android Police

Претходна статијаGalaxy S8 нема да има 3,5 mm излез за слушалки?
Следна статијаApple ја откри причината за проблемот со батериите кај iPhone 6S