950-950xl

Microsoft ќе одржи настан на 6-ти октомври, па иако за истиот се најавени Windows 10 уреди, сепак се’ уште не знаеме дали ќе бидат претставени шпекулираните Lumia 950 и 950 XL модели.

Како и да е, за овие два модели шпекулациите не престануваат, па овој пат имаме нови информации од еден француски сајт (smartphonefrance.info). Информациите, доколку се покажат како точни, се навистина интересни.

Според овој сајт, новите Lumia модели ќе доаѓаат со високи цени, како што и би се очекувало од нивната висока класа, цени кои што се малку пониски од новите iPhone 6s модели. Сепак, цената не би требало да претставува проблем поради тоа што тие ќе доаѓаат со додатоци во вредност од 200 евра.

Додатоците кое што би требало да бидат вклучени со телефоните вклучуваат безжичен полнач, како и док за Continuum преку кој што ќе може да се поврзе телефонот со поголем екран, глувче и тастатура.

Покрај ова се споменува можноста за вклучување и на безжични звучници и уред (таг) кој што би се поставувал на места кој што сакате да ги следите.

Се разбира, овие информации нема начин како да ги потврдиме, а доаѓаат од прилично непознат сајт кој што не можеме да го цениме по досегашните неофицијални информации. Настанот сепак е блиску, па нема да треба уште многу да чекаме за да дознаеме.

Извор: Ubergizmo, WMPoweruser

Претходна статијаПрвиот BlackBerry со Android се појави и на видео!
Следна статијаИзлезе Windows 10 Build 10547 за инсајдерите, еве што е ново
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.