lumia-940-concept-3

Чекаме и повеќе од долго време за да ги видиме новите знаменосци во понудата на паметни телефони на Microsoft, но се чини дека чекањето ќе се исплати. Имено, според информации од твитер акаунтот @evleaks, Lumia 940 XL ќе има скенер за ирисот на окото, а со цел поголема заштита на податоците во паметниот телефон.

Овој потег и не чуди, бидејќи ако сака да фати поголем дел од колачот на пазарот за паметни телефони, на Microsoft ќе му треба нешто навистина револуционерно. А прескокнувањето на читачот за отпечатоци на прсти, кој веќе го имаат Samsung Galaxy S6 и iPhone 6/6S, на уште пофутуристичката технологија за читање на ирисот на окото, секако дека ќе привлече многу купувачи.

Интересно, Microsoft сепак нема да биде првиот кој ќе го примени овој скенер во паметен телефон. Таа чест ја имаат Кинезите и тоа производителот Vivo со моделот Х5. Секако, треба да се очекува дека оној во Lumia 940 XL ќе работи подобро, но не би можеле уште сега да потврдиме.

Инаку, Lumia 940 XL ќе биде најмоќниот модел во понудата на Microsoft и ќе доаѓа со вграден Windows 10 Mobile и Continuum опцијата, која овозможува користење на паметниот телефон како Windows 10 компјутер кога ќе се поврзе на поголем екран.

На хардверската страна, големината на дисплејот ќе биде 5,7 инчи со Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели, а во внатрешноста ќе биде вграден процесорот со осум јадра на Qualcomm, Snapdragon 810, помогнат од 3 GB рам меморија. Се очекува изработката да биде целосно од алуминиум.

Заедно со Lumia 940 XL, Microsoft ќе претстави и помал модел со големина на дисплејот од 5,2 инчи, Lumia 940, кој ќе има и малку послаб процесор со шест јадра и тоа Snapdragon 808. Засега, не можеме да потврдиме дека и овој модел ќе има скенер за очите, но има информации дека ќе има читач на отпечатоци за прсти.

Официјалното претставување на Lumia 940 и Lumia 940 XL се очекува заедно со лансирањето на Windows 10 Mobile оперативниот систем оваа есен.

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаSmartBand 2 e новата фитнес нараквица на Sony
Следна статијаWindows и Windows Phone веќе нема да имаат Facebook интеграција