На MWC 2019 саемот којшто се одржува оваа недела во Барселона, LG претстави два нови уреди од високата класа. Се работи за уреди од V и G серијата, а во оваа статија пишуваме за V50 ThinQ 5G.

Како што кажува и самото име на уредот, се работи за 5G компатибилен смартфон, за кога операторите ќе ја овозможат оваа мрежа, како што истакнуваат од LG. Телефонот работи на Snapdragon X 50 5G модемот, па останува само операторите да почнат со надградба на нивните базни станици.

LG V50 инаку е смартфон со OLED екран со големина од 6,4 инчи и резолуција од 3120 x 1440 пиксели. Екранот на горната страна има исечок, што веќе стана нормално кај повеќето смартфони.

Работи на најновиот Snapdragon 855 и има меморија од 6 GB RAM, како и 128 GB простор за податоци кој може да биде проширен со картичка.

V50 на задната страна има тројна камера со 16, 12 и 12 мегапиксели, односно една широко аголна леќа, една стандардна и една за зумирање. На предната страна има двојна камера со 8 и 5 мегапиксели, а ова полека станува и стандард во повисоката класа.

Батеријата на телефонот е со капацитет од 4.000 mAh, што е некој минимум со оглед на можност која ја нуди LG, а која е главна карактеристика на телефонот и за неа пишуваме во продолжение.

Главната карактеристика која се издвојува кај LG V50 ThinQ 5G е можноста за додавање на еден вид на футрола која наместо заштита на уредот, на истиот му овозможува уште еден екран.

Овој втор екран е нешто помал, односно има 6,2 инчи, но исто така е изработен во OLED технологија и има резолуција од 2160 x 1080 пиксели.

Овој втор екран повеќето странски портали го нарекуваат одговор на LG на започнатиот овогодишен тренд на свитливи екрани.

Вториот екран секако не е замислен да го претвори телефонот во таблет, како што е тоа случајот со отворањето на уредите со свитлив екран. Наместо тоа, корисниците со вториот екран добиваат можност за одредени функционалности.

Функционалностите вклучуваат можност за користење на две апликации одеднаш, па корисникот може да гледа Netflix, на пример, а на другиот екран да пребарува на Google за некој од глумците.

Исто така, вториот екран може да се користи како тастатура при разговарање со некоја од апликациите за „чет“, а може да се користи и како контролер за игри.

ИЗВОРLG
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаБез изговори, без оправдувања! Во сообраќајот нема место за неисправни и нерегистрирани возила!
Следна статијаSamsung ја најави новата Galaxy A серија со надградби на клучните карактеристики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.