Едни од главните карактеристики кои се предмет на сериозна конкуренција помеѓу производителите на смартфони се камерите на овие уреди без кои во денешно време ретко кој може.

LG својот нареден телефон од V серијата, односно V40, ќе го опреми со 5 камери вкупно, односно три на задната и две на предната страна. Ова прво го кажаа неофицијалните информации, за да LG го потврди во нивната најава за уредот.

Како што е случајот со повеќето вакви најави од самите компании, повеќе информации ретко се добиваат, па освен потврдата за бројот на камери, ништо друго не можевме да дознаеме за овој уред.

Затоа, како и секогаш, тука се познатите „протекувачи“, како што ги нарекуваат на англиски, меѓутоа на македонски звучи малку чудно, па ќе ги наречеме само „обезбедувачи на неофицијални информации“.

Во овој случај, Evan Blass е тој кој излезе со информација за тоа какви ќе бидат трите задни камери на LG V40. Па, според него, камерите ќе бидат, стандардна, телефото и широко аголна.

Ова е посебна поставеност која ја нема на пример кај единствениот конкурент моментално кој има три камери на задната страна, Huawei.

Ваквата поставеност на камерите кај LG V40 треба да овозможи повеќе режими на сликање, односно повеќе можности за прилагодување на сликата по нејзиното сликање.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаКако да проверите дали ви е безбеден рутерот
Следна статијаNetflix ќе овозможи интерактивно гледање на содржина – Black Mirror ќе биде првата серија која ќе го овозможи тоа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.