V серијата на паметни телефони на LG е прилично уникатна – има втор дисплеј во горниот дел наменет за дополнителни информации, апликации и нотификации, како и други карактеристики кои ги немаат останатите конкуренти – моќен аудио засилувач и можност за снимање на видео со мануелни контроли, придружено со квалитетно аудио со помош на неколку микрофони.

Третиот модел во оваа серија, наречен V30, според најавата од LG ќе биде претставен на 31 август, пред стартот на IFA во Берлин. Сѐ уште нема дефинитивни информации за тоа што ново ќе ни донесе овој модел, но се претпоставува дека тој веќе нема да има двоен дисплеј. Сепак, екранот сега најверојатно ќе биде OLED, што е одлична вест, а на ова се придружува и моќниот Snapdragon 835 процесорот.

LG V30 скоро сигурно повторно ќе има моќен аудио засилувач за супер квалитетен звук на слушалки, како и можност за мануелни контроли при видео и при фотографирање. Батеријата сепак веројатно веќе нема да може да се отстранува, односно телото ќе биде целосно споено.

Надворешниот дизајн на LG V30 пак ќе биде многу сличен на оној на G6 – напред рамката околу 2:1 дисплејот ќе биде многу мала, аглите на екранот ќе бидат заоблени, додека во задниот дел најверојатно ќе има двојна камера. Изработката најверојатно ќе биде од метал и стакло, како што му прилега на еден смартфон од високата класа.

Извор: Engadget, TechRadar, The Verge

Претходна статијаРСБСП: Неколку совети како да се препознае и да се надмине заморот
Следна статијаSharp ќе претстави два нови смартфони без рамка околу дисплејот