LG е првиот производител кој го почна трендот на смартфони со издолжен дисплеј, односно во нивниот случај сооднос на страните од 18:9 кај знаменосецот G6. Сега, тие ја прошируваат понудата на вакви модели – Q6 е нов смартфон од средната класа, кој има многу сличен дизајн на својот поскап брат, но има послаби перформанси.

Ова послаби перформанси не треба да ве оттргнат од овој смартфон. Тој има Snapdragon 435 процесор со осум јадра, кој е доволно добар за секојдневно користените апликации, а зависно од верзијата помогнат е од 4 GB рам и 64 GB простор кај моделот Q6+, 3 GB рам и 32 GB простор кај моделот Q6, односно 2 GB рам и 16 GB простор кај моделот Q6a. Сите модели се опремени со слот за micro SD картичка.

Дисплејот на Q6, барем со оглед на класата, е прилично импресивен. Има големина од 5,5 инчи и 18:9 сооднос на страните, како и резолуција од 2160х1080 пиксели, што е повеќе од многу кинески смартфони од високата класа. Воедно, како и кај G6, тука рамката околу дисплејот е минимална, што значи дека димензиите на Q6 се многу помали од тие на другите 5,5 инчни телефони.

Камерите, барем на хартија, се исто така солидни – задната има 13, додека предната има 5 мегапиксели.

Бидејќи се работи за смартфон од средната класа, LG особено ја нагласува страничната рамка изработена од алуминиум, која според производителот е супер цврста.

Во внатрешноста на телефонот пак е сместена батерија од 3.000 mAh, која со оглед на штедливиот процесор би требала да овозможи долго користење без да ја наполните.

Засега не ни е позната цената на LG Q6 и на неговите различни изведби, но со сигурност знаеме дека ќе биде достапен и на пазарите во Европа.

Извор: PhoneDog, Android and Me, GSMArena

Претходна статијаНајчести грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи
Следна статијаMicrosoft ја заврши поддршката за Windows Phone опертивниот систем