LG преку кратко видео го најавува претставувањето на нивниот нареден смартфон за 6 септември на IFA 2019

За кој уред се работи не е познато, но се верува дека е наредната генерација од V50 ThinQ која најверојатно ќе биде наречена V60 ThinQ

Преку кратко „тизер“ видео, LG најави претставување на нов уред за 6 септември за време на IFA 2019 саемот за технологија кој традиционално се одржува секоја година во Берлин.

На видеото се гледа уред на којшто е прикажана игра, по што се отвора уште еден екран на кој продолжува карактерот од играта. Потоа, овие два екрани се затвораат, а на задната страна има уште еден мал екран чија намена е да прикажува мали информации, како часот и датата.

Од ова може да се заклучи дека LG ќе претстави уред чија главна карактеристика ќе биде вториот екран, којшто најверојатно ќе се додава како додаток, како и карактеристиките за играње на игри.

Можноста за додавање на втор екран не е нова за LG. Ова беше и една од карактеристиките на LG V50 ThinQ, па сега не е јасно зошто од LG повторно најавуваат нешто слично. По некоја логика, во овој уред што треба да биде претставен, оваа можност изгледа ќе има поголемо значење, а сигурно ќе има и некои нови можности и подобри карактеристики.

Од ова што го гледаме од LG оваа година може да се заклучи дека тие не планираат да излезат со директна конкуренција на уредите со екран на превиткување од Samsung и Huawei. Тоа е нешто што сепак би се очекувало од компанија како LG кои веќе се познати по својот дел за производство на екрани, а го имаат и еден од најинтересните телевизори со екран кој се намотува.

Видео најавата за новиот уред од LG е на почетокот од статијата, па можете и самите да донесете претпоставка за што се работи.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаSamsung вечер во 22:00 ги претставува новите Galaxy Note10 уреди, а еве ги и последните неофицијални информации поврзани со нив
Следна статијаSamsung го претстави подобрениот Exynos 9825 за првпат направен во 7nm EUV технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.