Смартфон којшто може да се превитка е нешто што веќе неколку години се очекува од производителите, но никако да се дојде со масовно производство. Технологијата сепак не е едноставна, па покрај екранот, тука се и компонентите на уредот кои треба да бидат способни да се прилагодат на превиткувањето.

Кога говориме за смартфон којшто се превиткува не мислиме на таков како што е тој на ZTE, односно Axon M. Во овој случај се работи за уред којшто има два екрани и простор измеѓу за да се преклопат, меѓутоа самите екрани немаат никакви вистинско превиткување.

Патентот од LG покажува дека тие работат на екран којшто навистина се превиткува, а со тоа се добива можност за користење на уредот како смартфон или таблет компјутер.

Од сликите кои се дел од патентот може да се видат две варијанти, односно дизајни на смартфони. Во двата случаеви се работи за два уреди поставени на еден екран којшто може да се превитка.

Во едната варијанта по превиткувањето на предниот и задниот дел се поставени потребните компоненти, како камерата на уредот, како и посебен помал екран на којшто ќе бидат прикажувани известувањата, часовникот и слично.

Втората варијанта нешто поразлично го решава овој дел, па при превиткувањето се открива дел на којшто ќе бидат прикажувани информациите.

Дефинитивно претставувањето на вакви смартфони ќе претставува револуција во начинот на којшто ќе ги користиме овие уреди. Веќе нема да мора да купиме што поголем телефон, поради тоа што тој ќе може да се претвори во таблет кога ни е потребно тоа.

Извор: Digital Trends, AndroidCentral, The Verge

Претходна статијаiPhone X нема задоволителен број на нарачки – можно е негово откажување по претставување на наследникот?
Следна статијаUber очекува да почне со работа со автономни возила за само 18 месеци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.