LG официјално ја потврди датата кога ќе ја претстави седмата генерација од нивниот уред од G серијата. За G7 веќе неколку пати можевме да прочитаме неофицијални информации кои како и обично ни ги претставија повеќето карактеристики, а исто така беше забележан и на MWC 2018 во Барселона.

Официјално, LG G7 ќе биде претставен на 2-ри мај на настан во Њујорк, како и на 3-ти мај во Сеул. Името на уредот официјално ќе биде LG G7 ThinQ, што ја означува вештачката интелигенција која ќе биде дел од него, а првпат претставена во LG V30S.

Во најавата од LG нема повеќе информации за уредот, па останува само тоа што го знаеме од досега излезени неофицијални информации, а тие говорат дека G7 ќе дојде со Snapdragon 845, 6 GB RAM меморија, 64 GB простор, како и 6 инчен екран.

Android Headlines

Она што исто така може да се каже дека е потврдено е исечокот на горниот дел од екранот, исечок којшто најмногу стана популарен по претставувањето на iPhone X. Порталот Android Headlines претставија „рендери“ за кои тврдат дека се од официјалниот модел.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2LG
Претходна статијаВтор ден пред Сенатот: Еве ги клучните моменти поврзани со Марк Закерберг
Следна статијаInstagram го претстави Focus – нов ефект наменет за портрет сликите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.